АТЛЕТИКА
Укината е суспензијата на австралискиот атлетичар Питер Бол поради користење допинг, објави локалната антидопинг-агенција. Бол, кој заврши на четвртото место во трката на 800 метри на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио во 2021 година, беше привремено суспендиран на почетокот на јануари, кога беше објавено дека е позитивен на синтетичката верзија на еритроетин (ЕПО) во примерок А.
– Анализата на неговиот примерок Б даде „нетипичен“ резултат за забранета супстанција – се вели во соопштението.
Суспензијата на 28-годишниот атлетичар роден во Судан е укината, но антидопинг-агенцијата ќе продолжи да го истражува случајот, оти „нетипичен резултат од примерокот не е ист како негативен тест“.
Бол, освојувачот на сребрен медал на минатогодишните игри на Комонвелтот, се изјасни дека е невин.
– Изминатиот месец ми беше кошмарен. Дозволете ми да кажам дека сум невин и дека не ја зедов оваа супстанција за која ме обвинуваат – напиша Бол на социјалните мрежи. Г.И.