Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Русија да ги исполни своите обврски од договорот за сеопфатна контрола на нуклеарното вооружување „СТАРТ“, кој вклучува инспекција на нуклеарните капацитети.
– Со загриженост забележуваме дека Русија не ги исполни своите законски обврски, вклучително и инспекцијата, и ја повикуваме Русија да ги исполни своите обврски од договорот – напиша генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во објава на „Твитер“.
Наведува дека сојузниците на НАТО се согласуваат дека договорот СТАРТ придонесува за меѓународната стабилност со ограничување на руските и американските стратешки нуклеарни сили.
– Затоа, со загриженост констатираме дека Русија не ги исполни своите законски обврски од новиот договор СТАРТ“ – се додава во соопштението на НАТО.
– Сојузниците на НАТО продолжуваат да гледаат на ефективната контрола на вооружувањето како суштински придонес за нашите безбедносни цели. Новиот договор СТАРТ останува во националниот безбедносен интерес на сите земји, вклучително и сојузниците на НАТО – се вели во соопштението.
– Ја повикуваме Русија да ги исполни своите обврски од договорот со тоа што ќе овозможи инспекции на руска територија – се заклучува во соопштението.