Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не обезбеди пласман во групната фаза на Светското првенство 2023 што се игра во Полска и Шведска.
Вечерва „црвено-жолтите“ загубија од Аргентина со 26-35.
– Ќе анализираме на крај. Очигледно има проблем, меѓутоа мора да се реши ако сакаме да одиме напред, да бидеме добра репрезентација. Во моментов е оваа слика што ја гледаме сите. И ние знаеме дека тоа е тоа. Сега ни преостануваат натпреварите за пласман, а потоа кога ќе се вратиме потребна е добра анализа да видиме во што е проблемот и да се поправиме – изјави леиот бек Филип Талески.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров продолжуваат во т.н. Президент куп со натпревари за пласман од 25 – 32. место.