Судијата Хуан Меркан пресуди дека компанијата на поранешениот американски претседател Доналд Трамп мора да плати казна од 1,6 милиони долари откако беше осудена за измама на даночните власти изминатите 15 години.
Судијата на Кривичниот суд на Менхетен, ја изрече казната откако поротниците прогласија за виновни двајца соработници на Организацијата Трамп по 17 точки, објави „Ројтерс“.
Судијата ја изрече максималната казна која му е достапна. Самиот Трамп не беше на судењето и негираше дека знаел дека неговите директори незаконски затаиле данок, објави АП.
Организацијата Трамп беше обвинета преку нејзините подружници – Трамп Корп, која беше казнета со 810.000 долари и „Трамп Плата Корп“, која беше казнета со 800.000 долари.
Во соопштението објавено по изрекувањето на пресудата, Организацијата Трамп ги негираше наводите и соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.