Француските власти ја истражуваат смртта на тригодишно девојче кое било пронајдено мртво во машина за перење алишта во семејниот стан, соопшти обвинителството. Трагедијата се случила синоќа.

Детето веќе било во критична состојба кога го извлекле од машината, пишува францускиот весник „Парисиен“. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но девојчето починало нешто по полноќ.

Таткото (48) и уште еден член од семејството ја нашле два часа претходно во машината за перење.

Според извештаите, таткото, мајката и уште едно дете биле на вечера. Во еден момент забележале дека девојчето го нема, по што панично почнале да ја бараат. Го пребарале целиот стан и околу него, па дури побарале помош и од соседите. Потоа ја нашле во машината.

Очајниот татко рекол дека вратата од машината била затворена кога открил дека неговата ќерка е заглавена внатре.

Малото девојче минатата недела наполнило три години.