Ајде да видиме…
Глечер е големо количество мраз што се движи. Некои глечери се извиваат низ планините, а други, како, на пример, ледените плочи на Гренланд или на Антартик, се толку големи и дебели што целосно ја покриваат површината.
Иако е цврст, мразот може да се движи низ падините и околу кривините, но многу побавно отколку низ реките.
Глечерите се создаваат на високите планини и во поларните области, а настануваат од снег. Во текот на повеќе години, снегот се натрупува на највисоката точка на некоја висока долина и се претвора во мраз.
Тој се собира во цирк, вдлабнување во форма на чинија. Бидејќи е густ и тежок, под притисок на сопствената тежина, мразот се спушта надолу и така се создава глечер.
По долгите патеки наречени морени, мразот носи со себе делови од карпи коишто се одвоиле под негово влијание.
(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)