Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека Косово оваа недела ќе поднесе барање за членство во Европска Унија.
– Пред една година најавивме дека ќе поднесеме апликација за членство, а денеска најавуваме дека оваа недела ќе ја доставиме апликацијата до ЕУ. Дојде време статусот на потенцијален кандидат официјално да се претвори во кандидат за членство – истакна Курти.
Како што јави српската новинска агенција Бета, Курти истакна дека „ЕУ е место на мирот, безбедноста, еднаквоста и просперитетот и затоа местото на Косово е во тој заеднички дом, како земја што го сака мирот, истакна Курти на владината седница.