Општина Битола продолжува со отстранување на времените монтажни гаражи во Битола.
По отстранувањето на гаражите кај поранешно ЈАТ деновиве беа отстранети и срушени десетина гаражи на ул. „Цане Василев“.
Со отстранувањето на овие монтажни гаражи локалната самоуправа ја потврдува својата цврста определба за расчистување на сите времени нелегално поставени гаражи.
Воедно локалната самоуправа продолжува и со отстранување на времените објекти кои подолго време не работеа.
M.M.