Фото: Игор Бансколиев

Цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11,9 отсто.

Во ноември годинава, пак, во споредба со претходниот месец, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 отсто, алкохолни пијалаци за 0,5 отсто и безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.