Македонското здружение за култура, обичаи и традиции ,,Гороцвет” веќе неколку дена изведува уличен арт-перформанс, во кој се вклучени преку дваесеттина уметници, поети, просветни работници, новинари, ученици кои на подарок добиле слика од уметникот и хуманист Живко А. Поповски Цветин.

Во текот на утрешниот ден настанот ќе го посетат и учениците на основното училиште „Гоце Делечв“.

Перформансот, кој ќе се одржува со 18 јануари, 2023 година, се состои во спонтан собир на учесниците на улица Македонија, пред спомен куќата на Мајка Тереза, каде ќе бидат изложени сликите кои уметникот им ги подарува, додека пак тој ќе ја изложи својата „Цветна патека на мирот“ долга сто и еден метар.
Ова е традиционална средба, која се одржува неколку години на улица Македонија во Скопје, а поводот на отворањето е 29 Ноември, кога бил и првиот јавен настап на Цветин.