Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека САД планираат да продолжат со снабдување со оружје и помош за Украина во текот на зимата.
Тој наведе дека помошта ќе му помогне на Киев да го одржи притисокот врз Русија, која ги повлече своите сили од градот Херсон во јужна Украина.
– Ќе го одржиме моментумот во текот на зимата за да може Украина да продолжи да ги консолидира придобивките и да преземе иницијатива на бојното поле – посочи Остин.
Неговата изјава е во пресрет на седмиот состанок на Контакт групата за Украина, на кој НАТО и земјите партнери ја координираат безбедносната помош за Киев.
– Тема на таа средба треба да биде и обуката на украинските војници – истакна Остин.
Досега САД на Украина и доставиле оружје и опрема во вкупна вредност од 18,6 милијарди долари.