Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3 денари, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за два денара по литар.
Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93 денари, а на Еуросупер БС – 98 е 94,50 за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.