Среќен бамбус за просперитет во вашиот дом

Домување

Се верува дека растението среќен бамбус или сракаена сандериана привлекува среќа, пари и просперитет во домот, а доколку го ставите на вистинското место во домот, според фенг шуи, ќе биде вистински магнет за позитивна енергија. Познато и како воден бамбус, тоа е благодатно растение. Иако изгледа како бамбус, не е во истото семејство. Многу е декоративен, има долги прави месести стебла од кои никнуваат долги листови. Стеблата се слични на бамбусот и можат да бидат големи, но, според фенг шуи, се препорачуваат пократки варијации на растението.
За да се грижите за вашиот среќен бамбус, редовно сечете ги стеблата. Ова ќе помогне да се насочи енергијата назад во стеблото и да растат здрави лисја. Повременото кроење и чување во мали садови ќе помогне да се ограничи висината.
Среќниот бамбус обично се продава во стаклени садови или саксии исполнети со камења и вода. Ќе откриете дека успева исто толку добро во вода, како и во почва. Ова го прави среќниот бамбус едно од најлесните домашни растенија за нега. Ако го чувате само во вода, додавајте малку течно ѓубриво месечно и избегнувајте да додавате вода од чешма, туку користете филтрирана вода или дождовница. Според фенг шуи, стебленцата од бамбусот имаат различни значења кога станува збор за привлекување богатство. Се верува дека три стебленца претставуваат среќа, богатство и долг живот, пет или шест стебленца носат пари и среќа, а седум стебленца може да симболизираат добро здравје. Ако ги поставите во североисточниот дел од вашиот дом или канцеларија, се активираат богатството и финансиите. Се верува дека источната страна на домот привлекува здравје.