Домување

Една грешка што многу луѓе ја прават пред да ги исушат алиштата може да влијае на нивното здравје, велат експертите. Имено, ако ја оставите облеката во машина повеќе од 30 минути по завршувањето на циклусот на перење, таа може да стане почва за микроби.
– Еден од најважните делови за одржување на чистотата и уредноста на вашето домаќинство е редовното перење на алиштата. Сепак, влажната облека оставена во машината за перење предизвикува бактериите да „растат“ – изјави Тери Фишер од „Ви бај ени хоум“.
Тој потсети дека една неодамнешна студија покажала дека повеќе од 340 вида бактерии се наоѓаат на 30 предмети што секојдневно се користат во домаќинствата. Се разбира, не сите бактерии се штетни за здравјето, но некои од нив можат да предизвикаат салмонела.
– Повеќето од нас мислат дека ја одржуваат куќата чиста. Сепак, невозможно е целосно да се заштитиме од бактерии. Поради оваа причина, важно е да се внимава на малите детали, меѓу кои е и сушењето на алиштата – додава тој.