Очигледно многумина се согласуваат дека живееме во свет во кој владеат кловнови. Мислам буквално е така. Историјата нема недостиг од кловнови. Има мрачни кловнови и сончеви. Кловнови жртви. Праведни кловнови. Циркуски кловнови. Кловнови убијци. Бозо-кловнови. Родео-кловнови.
Улични жонглери. Роденденски кловнови. Кловнови што продаваат балони. Нашиот век ја започна ерата на политичарот кловн. Е, тој е најопасниот
Проф. Звонимир Јанкулоски
Комичари и политичари – и едните и другите се во центарот на вниманието, и едните и другите ја засмејуваат јавноста. Комбинацијата на двете некогаш знае да биде застрашувачка. Чук-чук. Кој е таму? Володимир Зеленски. Телевизиски комичар и претседател на Украина. „Ветувам дека нема да направам хаос“, вети Зеленски по неговиот гранслем пред гласачките кутии. Уморни од злонамерните олигарси, украинските гласачи избраа да му веруваат. Во 2015 година, комичарот Џими Моралес беше избран за 50-ти претседател на Гватемала со 67,4 отсто од гласовите. „Ниту корумпиран, ниту крадец“, вети Моралес – незадоволителен слоган, убедливо популарен кај Гватемалците, кои престанаа да им веруваат на своите парламентарци. Во 2010 година, Франциско Еверардо Оливиера Силва, познат како кловнот Тиририка, беше најгласниот конгресмен на општите избори во Бразил. „Што прават пратениците – навистина не знам – но гласајте за мене и ќе ве известам“, гласеше еден слоган на Тиририка. „Не може да биде полошо“. Тиририка го спушти толку ниско нивото во политиката што дури ни иронијата не можеше да остане неизвесност под неа.
Најозлогласениот комичар што си го пикнал црвениот нос во политиката е Бепе Грило, основач на италијанското движење Пет ѕвезди. Во нашето соседство го имаме Слави Трифонов. Забавувач и комедијант, кој до неодамна го имаше клучот на политичката иднина на Бугарија. А кај нас?
Очигледно многумина се согласуваат дека живееме во свет во кој владеат кловнови. Мислам буквално е така. Историјата нема недостиг од кловнови. Има мрачни кловнови и сончеви. Кловнови жртви. Праведни кловнови. Циркуски кловнови. Кловнови убијци. Бозо-кловнови. Родео-кловнови. Улични жонглери. Роденденски кловнови. Кловнови што продаваат балони. Нашиот век ја започна ерата на политичарот кловн. Е, тој е најопасниот. Тој користи забава за да маскира агенда што инаку би нè преплашила. Како онаа на тековната политика во Македонија. Политика сѐ повеќе наликува на „циркус“, но она што најмногу ме мачи во врска со овој поим не е колку стана банален, туку како никој од нас не го доведува во прашање. Сега е широко прифатено дека оние на избраните функции треба да служат како забавувачи, наместо како претставници на народот. Нивното глупаво однесување и комедијантство се толерирани, па дури и очекувани. Дефинитивно успеавме да ги претвориме политичарите во материјал за комичари. Кловновите бараат повеќе од политички циркус. И го добиваат. Наполеон рекол дека „во политиката, апсурдот не е хендикеп“. Всушност, токму апсурдноста на кловнот го издвојува политичарот кај нас.
Сигурно може да се пофалиме дека како држава немаме недостиг од политички кловнови. Потврдено од нашите меѓународни пријатели и стратегиски партнери. Нашите политички кловнови влегоа во политичкиот циркус со големо тропотење и бес, рушејќи го очекуваниот ред и создавајќи конфузија во очекувањата на публиката (читаj електоратот). За момент се чинеше дека кловнот доаѓа од истото место со јавноста и затоа е нивен пратеник меѓу другите изведувачи што ќе ги исмејува и исмева. Како и многу од најголемите кловнови, нашите политички кловнови беа и се совршени амбасадори на бесмисленоста, пример за „гротеска“ лидерство. Зарем од кловн можеше да очекуваме компетентност, одговорност или способност? Иако е аксиоматично дека секој кловн треба да создаде проблем со кој може да се бори – на комичната драма ѝ треба пречка не помалку од трагедијата – имагинарен проблем со кој ќе се бори. Епско дело на континентална скала. Затоа нашите политички кловнови ни креираа такво шоу што засекогаш ќе биде нивно историско епско ремек-дело, а наше национално погребување. Да, точно е дека политичките кловнови ги разработија темите на изведбата, но, несомнено, во текот на нивниот голем опус, кој навистина започна сериозно, сериозната несериозност нѐ одведе во безизлезност. Земјите што бараат забава од своите политичари живеат низ времиња без хумор. Нема ништо смешно во тоа што се случува во Украина, или што се случува со Македонија. Особено македонскиот политички циркус ми изгледа како раскошна гозба на која се пијат најскапите вина, а нѐ забавуваат политички кловнови, кои по гозбата си заминуваат, оставајќи сметката да ја платиме ние. Народот на Македонија.
Знак за добро ментално здравје е повремено да се смееме на самите себе, да го гледаме хуморот во човечката глупост, да се шегуваме. Шегите можат да бидат смртоносно сериозни, ако кловновите дојдат на политичка функција. Тогаш тие престануваат да бидат смешни. Кога дворскиот шут ќе стане крал, политиката станува циркус. Многумина од вас се заситени како мене. Како ги добивме овие кловнови и како да се ослободиме од нив? Се разбира, ние сме издржлив народ. Сме издржале и полоши бури. Барем со оваа може да умреме од смеење. Ако некому веќе му е воопшто до смеење.