Лебот, зеленчукот, месото или со еден збор храната драстично поскапе. Цените на маслата за готвење особено нагло се зголемија, но и основната храна, како што е лебот, исто така стана значително поскапа. Ова главно се должи на руската воена операција во Украина, која значително ги наруши глобалните пазари бидејќи Русија и Украина беа главни извозници на жита, пченица, пченка, маслодајни семиња (особено сончоглед) и ѓубрива.
Во август 2022 година, цената на лебот во ЕУ беше во просек за 18 отсто повисока од август 2021 година. Ова е огромен пораст во споредба со август 2021 година, кога цената на лебот беше во просек за 3 отсто повисока од август 2020 година. Месечните податоци, исто така, покажуваат значително зголемување на вкупната инфлација, иако не толку голема (од +3 отсто на +10 отсто).
Овие информации доаѓаат од податоците за хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП) објавен неодамна од страна на Евростат.