Фото: Влада

Првиот вицепремиер, Груби синоќа правел обиколка на неколку министерства за да види дали штедат струја и дали се изгасени осветлувањата согласно препораките на Владата. Единствено, како што вели, забележал светло во Министерството за животна средина, па веднаш интервенирал и му се јавил на министерот Насер Нуредни да реагира. Ги повика граѓаните по примерот на институциите максимално да штедат струја. Додека ја даваше изјавата службените автомобили на неколку од присутните работеа, па новиинарите го прашаа дали во ек на економска криза и штедење, овие правила важат и за него.

-Не знам кои автомобили работат, не сум возач, но секако дека не треба да работат. Сметам дека сите граѓани посебно и институциите треба да бидат пример за штедење и на електрична енергија и на сите државни ресурси. Ве повикувам секојдневно да ги проверуваме сите институции за тоа кои мерки за штедење ги применуваат согласно одлуките на Владата. И пред одлуката на Владата, Министерството за политички систем ги има исклучено сите надворешни и внатрешни осветлувања надвор од работното време – рече Груби.