Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации за нуклеарната централа „Запорожје“, изјави рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански.
– Во врска со актуелните украински провокации со нуклеарната централа, побаравме итен состанок на СБ со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност – напиша Пољански на Телеграм.
Според него, средбата е планирана за денеска во 21 часот.
Пољански истакна дека руската мисија побарала од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да одржи говор на средбата.
Западните земји побараа на 24 август да се одржи уште една средба за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“.
Гутереш вчера предупреди дека нуклеарниот ризик во моментов е на највисоката точка во последните децении.
Американскиот Стејт департмент издаде безбедносно предупредување дека Русија ги засилува напорите да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти на Украина во наредните денови.
Амбасадата на САД во Киев ги повика американските граѓани кои се уште се во Украина веднаш да ја напуштат земјата.
„Ако слушнете силна експлозија или ако се активираат сирените, веднаш побарајте засолниште. Ако сте во дом или зграда, одете на најниското ниво на структурата со најмалку надворешни ѕидови, прозорци и отвори; затворете ги сите врати и седнете во близина на внатрешен ѕид, подалеку од какви било прозорци или отвори“, советува Стејт департментот.
Стејт департментот го издаде предупредувањето откако американската разузнавачка заедница вчера го декласифицираше откритието, според кое Русија сè повеќе ќе ја таргетира украинската цивилна инфраструктура.
– Имаме информации дека Русија ги засилува подготовките и ќе изврши напади врз украинската цивилна инфраструктура и владини објекти во наредните денови. Со оглед на руските резултати во Украина, загрижени сме поради континуираната закана што руските напади ја претставуваат за цивилите и цивилната инфраструктура – изјави американски функционер. близок до разузнавачките кругови.
Тој изјавата ја дал под услов да не биде именуван, бидејќи не бил овластен да зборува јавно, а нагласил дека изјавата е заснована на оценката на нижите нивоа на американските разузнавачки служби.