фото: Зоран Антоски

Стравувањата на жителите од населба Горица во Кичево, дека гнездото што пред подолг период го направи штрк на еден од електричните столбови што поминуваат низ нивната населба се потврдија во целост, откако деновиве сувите гранчиња од гнездото направија контакт со електричните водови што предизвика пожар во гнездото на штркот, а за да се санира состојбата интервенира и екипа од ТППЕ Кичево, кои го изгасија опожареното гнездо.

– Опожареното гнездо по контактот со електромрежата мораше да биде изгасено со наша помош, откако претходно беше исклучен доводот на електрична струја во овој дел на градот и селата, за да не се случи и поголем проблем. Пожарот го изгаснавме откако интервениравме со едно возило – истакнаа од ТППЕ Кичево.

Жителите од населба Горица инсистираат гнездото од штркот да се отстрани од оваа локација бидејќи ако и наредната година штркот се насели на овој простор, ќе може да дојде до нов пожар и до уште поголем проблем што ќе го предизвика контактот на електоводовите со сувите гранки, бидејќи веќе деформираното гнездо е целосно надвиснато над далноводот.
З.А.