Пожарот меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште околу 19 часот е ставен под контрола, но сѐ уште постои опасност ветерот да ја проблематизира состојбата и да му даде друг правец на огнот, јавува МИА.
Во гаснењето на пожарот се вклучени над 30 лица пожарникари, вработени во Шумското стопанство, Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници, како и припадници на граничната полиција „Исток“, а месното население е вклучено со механизација кое прави бразди за да не се проширува огнот.