Лидерот на познатата балканска група „Дивље јагоде“, чии бројни хитиви веќе четириестеина години живеат, денеска имаше неформална средба со претставниците на медиумите во Скопје. Повод беше тукушто излезеното цеде со сите 12 албуми на „Дивље јагоде“, неодмана издадената биографија на бендот „Во малата градина арсте див плод“, чиј автор е Стјепан Јурас и секако гостувањата на групата во Македонија, на што Зеле секогаш од срце се радува.

– Можеби звучи како фраза, но концертот во Македонија не е ист со оној во другите места во регионот. Едноставно вие Македонците ја носите музиакта во вашите срца – рече Липовача.

На неодманешниот настап на „Пиво-фест“, што беше навстина успешен, во публиакта имаше претставници од сите гереации, но и многу млади луѓе, кои сега ја отркиваат големината на оваа група со долга километража и голем багаж.

– Ме фасцинира како младите доаѓаат до нашите постари песни и ги чувствуваат како свои. Тоа за мене е потврда дека она што го работиме сите овие години е она вистинското – вели познатиот музичар.

Наскоро „Јагоде “ ќе имаат концерт во Струга, што ќе биде четврти нивни настап во земјава оваа годинаа, а петтиот ќе биде нешто посебно.

– На 24 декември ќе свириме во СРЦ „Борис Трајковски“, заедно со уште два големи македонски бенда – најави Липовача.

Дотогаш ќе слунешеме уште некој сингл од новиот албум што се подготвува, кој според Зеле нема многу да побегне од препознатливиот звук на групата, но ќе донесе нова свежина, а и авторскиот проект на Зеле е при крај. На него повторно една алка што го поврзува за Македонија, инструментална верзија на песната „Македонско девојче“, за која е реализиран и интересен спот.

Стана збор и за соработката со Влатко Илиевски, кој ја отпеа песната „Једина моја“ од репертоарот на „Дивље јагоде“, која е ставнено на неодамна издаеното цеде со новите песни на Влатче „Последното танго“.

Се разбира се беше зачинето со шармот и елковентноста на овој голем балкански музичар.

М.Т.

ФОТО: M.T.