Здрава храна
Праските се идеално овошје за летните жеги, сочни се, слатки, но и многу здрави. Има повеќе причини зошто треба да бидат дел од вашата исхрана. Праските се одлична храна доколку слабеете или посакувате да симнете некој килограм. Со консумирањето на ова овошје ќе бидете сити и нема да посегнувате по повеќе храна. Една праска содржи од 30 до 50 калории и нула маснотии.
Во праските преовладуваат витамините А и Ц, кои се добри за вашата кожа. Не заборавајте да си понесете неколку на плажа и вашата кожа ќе добие одличен тен и ќе остане здрава. Имаат одличен ефект врз здравјето на косата. Со јадењето на праските ќе добиете погуста и поздрава коса. Важат за овошје што ослободува од стресот. Доколку имате проблеми со вашиот дигестивен систем, се препорачува да консумирате три праски дневно, кои веднаш ќе го смират вашиот стомак. Во Кина најчесто се консумира чај од праски како лек за бубрежни заболувања. Праските содржат бета-каротен, кој го одржува здравјето на очите. Доколку повеќе време поминувате пред компјутерот, најдобро е да консумирате секојдневно по неколку праски, кои ќе го зачуваат вашиот вид. Досегашните истражувања докажале дека токму праските се борат против ракот и кардиоваскуларните болести. Праските се препорачуваат како терапија за сите оние што имаат чувствителна кожа, но и најдобро е да се консумираат пред изложување на сонце бидејќи тие штитат од штетните сончеви зраци.