Врховниот суд денеска ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

– Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.7.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат, се наведува во соопштението од Врховен суд на Република Северна Македонија – се наведува во соопштението од Врховен суд.