Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија.
Од 1 октомври ќе има уште едно покачување кое ќе стигне до 3.400 лева (1.700 евра), колку што изнесува максималниот приход од осигурување во Бугарија, беше прецизирано по расправите во собраниската комисија за буџет.
Денеска започнува вонредната седница на Националното собрание на која се очекува да биде усвоен ребалансот на државниот буџет на Бугарија.