Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Како што соопштија од СЕП, Маричиќ му посака добредојде на нашиот голем пријател Милановиќ и изрази големо задоволство од неговата посета и учеството на Преспа форумот за дијалог, на кој несомнено ќе даде вреден придонес во дводневните дискусии за актуелните безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан.
Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а претсеадтелот на Хрватска Зоран Милановиќ ќе се обрати на првата сесија на високо ниво на која според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.
Брнабиќ ќе учествува на Преспа форумот за дијалог 2022
Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог 2022 во Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.
Темата на овогодишниот форум е „Градењето на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“.
Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе учествува на премиерскиот панел – „65 години после Договорот од Рим: Дали Европа е економски обновена и интегрирана“.