На покана на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска со претставници од општините Битола и Новаци, зедоa учество во студиската посета на санитарната депонија EPADYM S.A., во Еордеа, Грција во близина на Птолемаида и Кожани.
Посетата на депонијата се реализира во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведската агенција за развој SIDA а спроведен од Шведската асоцијација на општини и региони SALAR.
Целта на посетата е да се запознаат граѓаните на општините Новаци и Битола со функционирањето на еден ефикасен систем за регионално управување со отпад како и да им се даде можност за разговор на оваа тема со експерти од областа на менаџирањето со отпадот и рециклажа.
Регионалниот систем за управување со отпад е важен дел од политиките и целите за заштита на животната средина и еден од главните критериуми на ЕУ агендата во земјата чија реализација е невозможна без широка поддршка од граѓаните.
Преку учество на вакви слични студиски посети ќе се овозможи зголемување на знаењето и разбирањето за важноста од постоење на сеопфатен и ефикасен регионален систем за управување со отпад.
М.М.