ФИЛМ+: Откако ја прочитавте книгата на Мурат Курназ, „Пет години од мојот живот: Извештај од Гвантанамо“, интензивно се вклучивте во неговиот случај. Зошто?
Андреас Дрезен: Затоа што книгата директно го погоди моето чувство за неправда. Се појави гнев, што не можев да го канализирам. Ми беше незамисливо дека такво нешто може да се случи во наше време. Потоа, отидов во Бремен и го запознав Мурат. Ми ја раскажа својата приказна низ долги разговори. Беше исклучително впечатливо како зборуваше за тие години во Гвантанамо со голема благост и без никакво чувство за одмазда. А Гвантанамо е такво кафкијанско место. Во него нема легално кажување на вистината. Затворениците практично ништо не знаат и не добиваат ништо од напорите на надворешниот свет да ги ослободи. Мурат на почетокот не ни знаел каде географски се наоѓа. Тешко е такво нешто да се раскаже, бидејќи го вадите човекот надвор од сè што има, потполно го изолирате и го лишувате од било каква перспектива.
Интервјуто прочитајте го во саботниот број на ФИЛМ+