Во викенд бројот на „Нова Македонија“, прочитајте ја колумна на адвокатот Тони Менкиноски со наслов ПЕДИОПОЛИСИ, со ексклузивна содржина која фрла нова светлина на историското прашање: Зошто ни ги земаа македонските деца и дали целта е Македонија и Македонците да останат без иднина?
Во својата колумна адвокатот Менкиноски се осврнува на – Педиополисите (Παιδοπόλεις) – детски градови и домови создадени во периодот на Граѓанската војна во Грција, под покровителство на грчката кралица Фредерика (со Германско потекло) и монархистичко-владините структури, како дел од организираната политика за одземање, преместување и превоспитување на 18.000 македонски деца и нивно асимилирање во Грци.
Како спротивна реакција на ова, а пред сè поради стравот дека децата ќе бидат однесени и ќе се подложени на асимилација, организирана е евакуација на илјадници деца во Југославија и други земји од Источниот блок – процес во кој, според различни историски проценки, биле опфатени плус околу 25.000–28.000 деца.
Но, адвокатот Менкиноски во својата колумна отвора две прашања од историско, морално и меѓународноправно значење:
1. Дали политиката на одвојување, преместување и национално преобликување на македонските деца, спроведувана под покровителство на кралицата Фредерика и монархистичко-владините структури, може да се разгледува низ критериумите на Конвенцијата на Обединетите нации за спречување и казнување на злосторството геноцид? И второ, можеби уште посуштинско прашање за нас денес:
2. Дали методот само ја променил формата – дали денес нашите деца не ги губиме низ пософистицирани механизми, преку иселување, образование и трајно заминување во други држави, и дали повторно ризикуваме Македонија да остане без својата иднина?
„Нова Македонија“ – прочитај повеќе!
































