Офицерскиот дом, по официјалното пуштање во работа, како што стојат работите, во иднина ќе биде храм на културата во Битола. Денеска концертниот клавир „Бесендорфер“, од досегашната локација во НУ „Завод и Музеј“ Битола е пренесен до резидентна концертната сала во Офицерскиот дом при ЈОУ КИЦ-Битола.
Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола, прераснува во еден од најекслузивните концертни простори за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство издигнувајќи ја ЈОУ КИЦ – Битола во рангот на културни установи со високи концертни перформанси.
Наскоро јавноста ќе ја има и можноста да присуствува на првите концертни настани предвидени со програмата на КИЦ Битола, а со нетрпение се очекува и овогодинешното издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ , во нови услови и секако со нови домаќини. М.М.