Анџело Ѓорѓиевски, еден од осомничените за убиството на ракометарот Денис Тот, е пронајден и приведен како резултат на опсежни мерки на тимот за потраги, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
– Сите оперативни информации, стеснет простор и тоа придонесе по повеќечасовни активности, лицето да биде најдено и приведено во станицата во Аеродром. Лицето се криело во објект во Скопје. Истрагата мора да се води низ институциите, но сето она што може да соопштиме, ќе го кажеме. Многу информации имаше за овие два дена и на крајот излезе дека е тука и дека е изведен пред лицето на правдата. Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа – рече Спасовски за ТВ24.
Анџело Ѓорѓиевски (28) ноќеска се предаде на полицијата и беше спроведен во затворот во Шуто Оризари на издржување 30-дневен притвор што претходно му беше одреден. МВР вчера распиша меѓународна потерница за приведување на Ѓорѓиевски, откако тој беше во бегство по убиството на Тот.