Полициски службеници лишиле од слобода тетовец осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 18:05 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 41-годишниот тетовец Б.Л.. Тој бил осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори – посочуваат од МВР.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.