Генерралниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина, соопшти денеска Алијансата, пренесе ДПА.
Столтенберг, кому годинава му завршуваше мандатот на чело на Алијансата, од септември требаше да ја преземе функцијата гувернер на Народната банка на Норвешка, за што имаше согласност од норвешката Влада.
Тој изрази загриженост дека Русија се обидува да ги обвини Украина и нејзините сојузници дека се подготвува да употреби хемиско оружје, и вели дека обвинувањето на другите е начин да се создаде изговор да го направат истото и самите.
Ваквите обвинувања против Украина и НАТО сојузниците се лажни, изјави Столтенберг, нагласувајќи дека каква било употреба на хемиско оружје „целосно ќе ја смени природата на конфликтот“ и ќе биде „еклатантно кршење на меѓународното право“ и крајно опасно.
Ќе влијае не само на луѓето во Украина, туку потенцијално и на НАТО земјите, поради ширењето на контаминацијата.
Столтенберг посочи дека Русија користела хемиски агенси во минатото – вклучително и во Солсбери. Ова прашање ја истакнува важноста од завршување на војната, вели тој, додавајќи дека „ова е опасна ситуација“.