Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека Анкара нема да воведе санкции кон Русија.
– Ние веруваме дека санкциите нема да го решат проблемот – истакна Чавушоглу.
Тој додаде дека се надева дека е постигнат напредок во евакуацијата на турски државјани, кои засолниште нашле во џамијата во Мариупол и оти за тоа ќе побара помош од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според Чавушоглу џамијата не е оштетена и оти чека автобуси за евакуација на Турците, со кои не може да се воспостави контакт.