До ЕП 2012 можеа да се квалификуваат по 16 селекции на континенталното првенство, од 2016 настапуваат по 24 репрезентации, а сега се зборува за ЕП со 32 селекции од 2028 година

ФУДБАЛ

Како што пренесува британскиот весник „Дејли мејл“, Европската фудбалска унија (УЕФА) планира зголемување од 24 на 32 репрезентации на Европското првенство во 2028 година. До ЕП 2012 само по 16 селекции можеа да се квалификуваат на континенталното првенство, а од 2016 настапуваат по 24 репрезентации.
– Тоа само ќе му штети на квалитетот на производот – вели Махета Моланго, претседателот на Синдикатот на британските фудбалери (Асоцијација на професионални фудбалери, ПФА).
Со оглед на тоа што во квалификациите за ЕП 2024 во Германија ќе настапат 54 репрезентации (селекцијата на Германија директно се пласира како домаќин), според овие планови на ЕП треба да учествуваат повеќе од 59 проценти од сите селекции од квалификациите. За многу силни репрезентации квалификациите би станале модел без спортска вредност. Отворено е и прашањето дали ќе има повеќе натпревари на ЕП или ќе се користат други варијанти.


УЧЕСНИЦИ НА ЕП

од 1960 до 1976 г. 4
од 1980 до 1992 г. 8
од 1996 до 2012 г. 16
од 2016 г. 24