Фото/Илустрација: Пискабеј

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на одделни места ќе достигнува брзина поголема од 80 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 13 степени, додека максималните ќе достигнат од 18 до 25 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 24 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека под влијание на серија влажни бранови, во наредниот период ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Според прогнозата, денеска ќе биде релативно топло, со температури значително над просекот за овој период од годината, а ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, кој на места ќе надминува 80 километри на час.

Од утре се очекува продор на постудена воздушна маса од север, поради што температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови од земјата.