Од светското кино
Филмот „Анет“ е сместен во Лос Анџелес, во денешно време. Хенри е стендап-комичар со жесток хумор. Ен е меѓународно позната оперска пејачка. Заедно, под рефлекторите, тие формираат среќна и гламурозна двојка. Раѓањето на нивното „дете“, Анет, ќе им го преврти животот наопаку. Оваа трагикомична музичка фантазија на победникот за најдобар режисер во Кан, Леос Каракс, ги следи несреќите на комичарот Хенри Мекхенри (Адам Драјвер) и обожаваната сопранистка Ен Дефрасно (Мерион Котијар), двојка чиј брак предизвикува медиумско лудило. Заедно, двојката создава живот во ликот на бебето Анет – брилијантно прикажан преку куклена игра, претставувајќи вештачко, морничаво живо олицетворение на нивната заедница.
Ако другите мјузикли ја користат песната за да ја испратат публиката во орбитата, оваа амбициозна соработка помеѓу Каракс и бендот „Спаркс“ вовлекува со своите уникатни теми и повторувачки текстови. Не е за секого овој филм, бидејќи во моментот има мала побарувачка за 140-минутни мјузикли, иако големиот експеримент на Каракс е доволно храбар за да го најде својот пат до публиката. Наречена по чудесното бебе кукла на Ен и Хенри, филмот „Анет“ има што да каже за вистината и заблудата. Филмот досега освои 15 награди и имаше 51 номинација. Направен е по оригиналното сценарио на Рон и Расел Маел.