Филмската компанија „Твентиет сенчури студиос“ објави трејлер за својот нов психолошки трилер „Длабока вода“, во режија на мајсторот на овој жанр, Адријан Лејн, најпознат по филмовите „Флешденс“, „Девет и пол недели во Париз“ и „Фатална привлечност“.
„Длабока вода“ е адаптација на истоимениот роман на познатата писателка Патриша Хајсмит. Бен Афлек во овој филм го игра Вик ван Ален, додека неговата сопруга Мелинда ван Ален ја игра Ана де Армас. Тие се заедно иако не се сакаат, а разводот го одложуваат толерирајќи ја прељубата еден со друг. Иако го прифатил овој договор, Вик сепак чувствува љубомора кога ја гледа Мелинда како ноншалантно ги покажува своите нови љубовници пред сите. Нивната и онака необична врска дополнително ќе се искомплицира кога психолошките игри на овие сопружници ќе ги загрозат луѓето од нивниот најтесен круг.
Покрај споменатата двојка, во овој филм играат и Трејси Летс, Милтон Хаури, Деш Михок и Фин Витрок. „Длабока вода“ ќе биде достапен во САД на стриминг-сервисот „Хулу“ од 18 март, а од истиот датум, во филмот ќе можат да уживаат и претплатниците на стриминг-платформата на „Амазон прајм видео“.