Плејмејкерот на Баерн има 16 асистенции сезонава, пет повеќе од најблиските конкуренти. Тој во оваа категорија беше најдобар во минатите две сезони, со 21, односно 19 додавања по кои бил постигнат гол
ФУДБАЛ
Германецот Томас Милер, фудбалерот на Баерн, сезонава повторно има најмногу асистенции, 16, во конкуренција на фудбалери од петте најдобри европски лиги (Германија, Англија, Италија, Шпанија и Франција). Милер, всушност, продолжи таму каде што беше и во минатите две сезони, кога беше најкреативен играч на континентот (19 асистенции во ланската сезона и 21 во 2010/2020) и покрај тоа што во германската лига се играат 34 натпревари, наместо 38, како во другите четири првенства.
Зад Милер, со по 11 прволигашки асистенции сезонава се напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. По 10 пати асистирале Лионел Меси (ПСЖ), Карим Бензема (Реал Мадрид), Мохамед Салах (Ливерпул), Флоријан Вирц (Баер), Доменико Береради (Сасусоло) итн.
Првото вакво признание Милер го доби за 21-та, рекордна асистенција во сезоната 2019/2020, една повеќе од Лионел Меси, за Барселона во Ла лига и од Кевин де Брујне за Манчестер сити во Премиер-лигата истата сезона. Во сезоната 2018/2019 „крал“ на асистенциите беше Еден Азар, 15 за Челси.
Нема коефициенти или други мерила што се користат во овие лиги, туку се сметаат само завршните додавања на секој играч пред постигнатиот гол.
НАЈМНОГУ АСИСТЕНЦИИ СЕЗОНАВА
Томас Милер 16
Килијан Мбапе 11
Трент Александер-Арнолд 11
Лионел Меси 10
Карим Бензема 10
Мохамед Салах 10
Флоријан Вирц 10
Доменико Береради 10