Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија соопшти дека моментално се истражува подвид на варијантата омикрон, позната како „БA.2“, но дека стапката на заразување со подвидот во моментов е многу ниска, пренесува „Скај Њуз“.
Од 10 јануари досега, во Белика Британија биле идентификувани 53 секвенци на подвидот, соопшти агенцијата. Здравствените власти велат дека сега ќе бидат направени дополнителни анализи.
„БA.2“ подваријантата не содржи делови кои се видени кај доминантната „БA.1“ варијанта на омикрон, затоа што е позитивна за С-генот.
Агенцијата минатата недела објави дека откриваат зголемен број „БA.2“ секвенци, кај луѓе кои минатата недела пристигнале од Данска.
Се очекува вакцините да бидат ефикасни и против „БА.2“ во превенција од сериозни облици на болеста.
Објавено е дека се пронајдени 2.093 секвенци во 22 земји, меѓу кои и Велика Британија.