Педесет и четиригодишен жител на кочанското село Долни Подлог е приведен, бидејќи за време на лов вчера испукал куршум од пушка „застава М-70“ калибар 30-06 и го погодил М.С.(55) од Кочани, нанесувајќи му повреда.
М.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.