Персоналот на аеродромот во Франкфурт стапи во штрајк, поради што во пресрет на божиќните празници беа откажани околу 40 летови.
Барањата на синдикатот се кратење на работната недела на 37 и пол часа, како и стабилно зголемување на платите за најмалку 90 евра од следната година, пишуваат германските медиуми.
Синдикатот побара и бонус од 1.500 евра поради ковид-19, но тоа барање беше одбиено.
Штрајкот дојде во време на нерешен колективен спор за условите за работа на 600 вработени на аеродромот.
Луфтханза беше принудена да го затвори својот првокласен терминал во средата поради штрајк.