Федералниот суд на САД осуди на повеќе од пет години затвор демонстрант кој учествуваше во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Роберт Скот Палмер од Ларго, Флорида, е осуден на 63 месеци затвор, соопшти американското Министерство за правда. Тој фрлил дрвена даска и противпожарен апарат кон полицајците кои се обидувале да ги спречат демонстрантите, а потоа со шипка ги нападнал полицајците.
Упадот во Капитол се случи на 6 јануари кога поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп влегоа со намера да го спречат потврдувањето на победата на Џо Бајден на претседателските избори во Конгресот. Во нападот на Капитол загинаа пет лица, повредени се голем број полицајци, а причинета е штета од околу милион и пол долари. Обвинети се повеќе од 700 демонстранти.