Заменик-министерот за правда Агим Нухиу го демантираше косовскиот колега Блерим Салаху кој најави дека ќе ги посети осудентите во „Диво Насеље“ за време на утрешната посета на Македонија, во рамки на која е предвидена средба со Нухиу.
Нухиу во изјава за МИА потврди дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово“, но не и со осудениците.
Информацијата дека косовскиот функционер ќе ги посети осудените за „Диво Насеље“ стигна од Косово по гостувањето на Салаху на телевизијата „Т7“, каде што тој ја најави посетата.