Дел од средствата наменети за новогодишно украсување ќе бидат пренаменети за добротворни цели за социјално загрозени семејства и жители на општина Новаци.
Ова беше одлучено на денешната седница на Советот на општина Новаци по предлог на градоначалникот Стевче Стевановски.
Советот на општина Новаци донесе одлука за набавка на таблети за 14 деца од четвртто одделение што работаат и следат настава според концепцијата за основно образование преку електронски учебници.
Долг период родителите реагираа и даваа забелешки дека нивните деца немаат услови и апарати за следење на наставната содржина. Со цел да им се излезе во пресрет на учениците и родителите денеска се одобрија 105.000 денари од буџетот на општината за оваа намена.
Советните на денешната седница ја разгледаа и усвоија измената во програмата за животна средина за 2021 година и правилникот за субвенционирање на домаќинствата во општина Новаци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, како и неколку планови и развојни програми.
М.М.