Така изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по денешната прес-конференција на Кастриот Реџепи.
„Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ.
Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности. Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски.
Власта која Кастриот привремено ја спаси го изгуби легитимитетот да владее со Македонија и нивниот пад е неизбежен. Реалноста е дека граѓаните се одлучија за промени и затоа единствен излез од оваа криза и единствен спас за Македонија се брзи предвремени избори по кои ќе се формира стабилна влада која ќе ја извади Македонија од оваа безизлезна ситуација и ќе тргнеме напред“, се наведува во партиската реакција.