Бујар Османи, министерот за надворешни работи, соопшти дека неговиот профил на „Твитер“ е хакиран и е надвор од негова контрола.
„Мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица”, објави Османи.
Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа „Твитер”.
Неговиот профил бил преименуван, a променети биле и сите информации, како и профилни фотографии.