Лидерот на Демохристијанската партија, која е дел од обединетата албанска опозиција, Нард Ндока изјави дека опозициските партии нема да учествува на локалните избори, доколку не се спроведе процес на проверка на потеклото на имотот на политичарите и нивна евентуална поврзаност со криминални групи,
Опозицијата до албанскиот Парламетот веќе поднесе и Предлог-закон за проверка на потеклото на имотот на политичарите. Досега со ваквиот процес беа опфатени само судиите, јавните обвинители и вработените во полицијата.
Ндока нагласи дека опозицијата бара гаранција дека ќе биде спроведено „прочистување“ на политиката од лица поврзани со организираниот криминал. Во актуелниот миг, според него, опозицијата нема доверба ао алабснкиот премиер Еди Рама и не верува дека следните избори ќе бидат слободни, фер и демократски.
– Рама ја изгубија довербата кај граѓаните, но и кај политичката класа. Во ваква ситуација за нас не е нормално да учествуваме на избори. Рама да се откаже од зависноста и соработката со криминалот. Да донесе законот, па почнувајќи од себе, неговото опкружување, но и опозицијата, да поминат низ процесот на проверка за да се потврди дали се поврзани со криминални групи или не, изјави Ндока.
Тој го обивни Рама дека „ги искористил“ дрогата и криминалните групи на последните избори.
– Опозицијата не може да го заштити гласот со оружје. Ако премиерот соработува со криминални групи, со оние кои поседуваат оружје и доколку опозицијата одговори со иста мерка, тоа подразбира дека и ние треба да соработуваме со криминални групи, нагласи Ндока.
Локалните избори во Албанија треба да се одржат во јуни следната година.