Фото: Игор Бансколиев

Во периодот од 15 до 21 октомври

Над 78 отсто од починатите 124 пациенти со ковид-19 во периодот од 15 до 21 октомври не биле вакцинирани. А 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти денеска Министерството за здравство.

Според последниот извештај од здравство, еден пациент бил вакциниран со „Фајзер“. Двајца со вакцина на „Астра зенека“, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина на „Синовак“, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината на „спутник В“.

Министерството за здравство информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациентите, кои починале од ковид, а биле вакцинирани.

15 октомври – 71 год. кардиолошко заболување, 80 год. кардиолошко заболување, 75 год. кардиолошко заболување ДМ.

16 октомври – 69 год. кардиолошко заболување и дијабет, 72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида, 74 год. кардиолошко заболување и дијабет, 68 год. каридолошко заболување и обеситас.

17 октомври – 87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување, 86 год. кардиолошко заболување и дијабет, 65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас, 75 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување, 63 год. кардиолошко заболување, 69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување, 71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет, 69 год. кардиолошко заболување и обеситас.

18 октомври – 68год. кардиолошко заболување, 72год. белодробно заболување, 80год. кардиолошко и белодробно заболување.

19 октомври – 74год. крдиолошко заболување и обеситас, 83год. ХТА АБИ, 81год. ХТА.

20 октомври – 79год. ХБИ, 79год. ХОББ и кардиолошко заболување, 67год. кардиолошко заболување.

21 октомври – 93год. кардиолошко заболување, 89год. ХТА белодробно заболување.

Министерството за здравство во објавената неделна информација за починати лица со ковид-19 известува за лицата кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. Притоа напоменуваат од таму, за комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.


Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетните граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинации, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓани.

– 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина – се нагласува во соопштението.

Од ресорното министерство посочуваат дека опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

– Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина – стои во извештајот.