Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека западните амбасадори кои требаше да бидат протерани од Турција отстапија од првичните намери и ги повика да бидат повнимателни во идните изјави, пренесоа медиумите во светот.
Ердоган во текот на викендот изјави дека наредил амбасадорите на 10 западни земји да бидат прогласени за „персона нон грата“ бидејќи повикале да се ослободи бизнисменот Осман Кавала, кој беше приведен пред четири години под обвинение за финансирање протести и учество во пуч.
Соединетите Американски Држави и другите амбасади денеска соопштија дека се придржуваат до дипломатската конвенција која не се меша во внатрешните работи на земјата домаќин.