ФУДБАЛ

Ивана Пројковска, македонската фудбалска судијка со знакот на ФИФА, идната недела, од 18 до 21 октомври, ќе биде дел од семинарот на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Рива, Турција.
– Станува збор за семинар на кој треба да се запознаеме и да ги проучиме протоколите за користењето и функционирањето на видеоасистент-судиите или ВАР. За мене ова е прва обука од ваков вид. Таму ќе бидеме вкупно 14 судии, осум мажи и шест жени, од неколку земји. По овој семинар, од 22 до 25 ноември ќе следува и вториот дел, исто така во Турција, со што ќе заврши обуката, по која ќе можеме да судиме натпревари на кои се користи ВАР, кој, како што е најавено, ќе се користи од четврт-финалето во женската Лига на шампиони (ЛШ) – вели Пројковска.
Пројковска во јули 2019 година ја доби довербата да суди на финалето на ЕП (до 19 години), помеѓу Франција и Германија (2-1), а потоа судеше и неколку меча во ЛШ и во квалификациите за ЕП.